Инженери креираат робот кој ќе извршува човечки гласовни команди

Американската компанија „Амазон“ развива робот кој ќе го слуша гласот на својот „господар“, објави „Дејли мејл“. Роботот моментално е во фокусот на оваа компанија и најдобрите инженери биле повлечени од останати проекти за забрзано да работат на развојот на овој робот.

Инженерите, засега, не откриваат никакви детали, освен дека роботот се вика Веста и дека ќе биде висок до „половината на човекот“, дека ќе реагира на гласовни команди и ќе биде опремен со повеќе камери за да може да се снаоѓа во просторот.