Мета: Рама ја остави земјата без Уставен суд

Илир Мета

Албанскиот претседател Илир Мета, откако не ги потпиша и му врати три закони на премиерот Еди Рама, го обвини дека две години го попречува функционирањето на новите правосудни институции и Уставниот суд.

Шефот на државата обвинува дека премиерот ги уценувал членовите на Советот за наименувања во правосудството (КЕД) со процесот на проверка на потеклото на имотот на судиите и обвинителите, наречен ветинг, и ги дезинформирал поранешниот американски амбасадор Доналд Лу и ексамбасадорот на мисијата на ЕУ во Тирана, Ромина Влахутин, кои биле директно вклучени во процесот.

Мета истакнува дека Рама го нападнал КЕД бидејќи неговите членовите во 2017 година не реагирале на интересите и вкусовите на премиерот.

Тој изврши притисок да поднесат оставка или ги разреши повеќето членови на КЕД, како што вети и јавно се закани. Во меѓувреме, празнењето на Уставниот суд беше проектирано и почна да го спроведува, обвинува Мета.