Во Албанија тројни избори во октомври?

Љуљзим Баша

Љуљзим Баша, лидерот на опозициската Демократска партија, по средбата со шефот на државата, Илир Мета и со лидерите на политичките партии од обединетата опозиција, искажа убедување дека на 13 октомври треба да има нови избори.

Претходно, претседателот Мета неколку пати изјави дека овој датум треба да биде ден за одржување тројни избори со цел излез од политичкиот ќор-сокак.

„Шефот на државата смета дека 13 октомври е можност за излез од политичката криза, преку предвремени парламентарни и локални избори и како што со политички израз рече и преку претседателски избори, што подразбираат уставни измени. Имајќи го во предвид ставот на претседателот и неговата загриженост, јасно ставив до знаење дека ПД и обединета опозиција се во оваа битка заради народот“, рече Баша.