Мицкоски не гледа потреба да присуствува на лидерската средба

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека не ја гледа потребата да присуствува на лидерската средба на која повика премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

„Господинот Зоран Заев повикува на лидерска средба, а јас ќе одговорам дека не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара за се, за се и тоа ќе биде алиби, а нема да се разговара за тоа што денес и потребно на Република Македонија, датум кога ќе имаме предвремени парламентарни избори, рече Мицоски на прес-конференција попладнево во партиското седиште.

Средбата, според него, би била непотребен театар.