Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска и утре е во посета на Северна Македонија. Како што соопшти турското МНР, Чавушоглу во Скопје ќе има средба со својот домаќин,, министерот Никола Димитров, како и со други официјални претставници.
На средбите ќе се разговара за билатералните односи, за можностите за зајакнување на соработката меѓу двете земји, како и за регионални прашања.