Во Русија уапсен директорот на најголемата руска независна нафтена рафинерија

Дмитриј Мазуров

Поранешниот сопственик на најголемата руска независна нафтена рафинерија соопшти дека нејзиниот директор е уапсен во Москва. Во синоќешното соопштение од групацијата "Нов тек" се вели дека „Дмитриј Мазуров бил уапсен од страна на Истражниот комитет на 13 јули на аеродромот во Шереметево, кога тој се вратил во Русија“.

Според соопштението, Мазуров бил осомничен во кривично дело, но не се откриваат дополнителни детали. Се чекат официјални информации од надлежните служби.