Од "Охридско лето" пораки за отстранување на дивоградбите

Охридско езеро

На синоќешното отворање на 59 то издание на фестивалот "Охридско лето политичарите и уметниците" во своите говори испратија пораки за зачувување на природното и културно наследство на Охрид кое е заштитено од УНЕСКО.

"Уметноста треба да не инспирира на храбри потези за Охрид" рече во својот говор претседателот Стево Пендаровски.

Режисерот Александар Попоски кој ја прочита пораката од уметниците до светот, се осврна на творечкиот опус на драмскиот писател Горан Стефановски за да го потенцира проблемот со дивоградбите, со кој се соочува Охрид и рече дека тие треба да се "откорнат".

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски рече дека е потребна силна поддршка Охрид да ги надмине проблемите поради кои се најде на чекор да биде ставен на Листа на заштитени подрачја од УНЕСКО во опасност. Како што дополни градот ги евидентирал сите дивоградби и постапува неселективно, вклучително и во случајот со угостителски објект кај стариот Чинар, кој свечено беше отворен пред два дена иако општината има издадено решение за негово отстранување.

Решавање на проблемот со дивоградбите се само една од 19 барања на мисијата наУНЕСКО, кои Охрид треба да ги исполни за да го зачува статусот на заштитено светско природно и културно наследство.

Манифестацијата "Охридско лето" беше отворена синоќа со настап на светски познатата виолинистка Венеса Меј.