Поранешен градоначалник на Техеран пред суд за убиство на сопругата

Поранешниот градоначалник на Техеран Мохамед Али Наџафи

Денеска започна судењето на поранешниот градоначалник на Техеран Мохамед Али Наџафи за убиство на неговата втора сопруга,објавија иранските медиуми.

Наџафи се појави во кривичниот суд во Техеран. Тој е обвинет за убиство на неговата втора сопруга Митра Остад во нивниот дом во иранскиот главен град.

На обвинителниот лист прочитан во судот се содржани убиство, напад и нелегално поседување на оружје. Обвинителот, исто така, ја прочита изјавата на поранешниот градоначалник, кој тврди дека неговата сопруга еднаш му се заканувала со нож за време на расправа.

На 28 мај, Остад беше пронајдена мртва дома во населбата Саадат Абад во северозападниот дел на Техеран. Истиот ден, обвинителот на Техеран, Мохамад Шахриари, рече дека Наџафи " се предал на полицајците" и признал дека ја убил сопругата поради семејни проблеми, според новинската агенција Тасни.