Заев искомуницирал со Тачи и Вучиќ за разговорите со руските комичари

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека разговарал со косовскиот претседател Хашим Тачи, а разменил и порака со српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со неговиот разговор со руските комичари.

„Зборувавме со Тачи, бараше објаснување. Јас разменив и порака со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Сакам уште еднаш да ја искористам приликата ако со изјавата сум ги повредил граѓаните или претседателот на Косово намерата не била таа. Ние сме исклучително пријателски земји. Јас се надевам, барем така чувствувам, дека сум пријател на граѓаните на Косово. Никогаш не сме имале детали за преговарачкиот процес, како што и претходно изјавив. Сето тоа што е тема на разговори во кои било кулоари кога разговараме од она што е присутно во јавноста и слично. Впрочем и претседателот Тачи и претседателот Вучиќ знаат дека ние и не знаеме, немаме споделено информации“, изјави Заев по отворањето на 31. бензинска станица на Лукоил.

Тој порача и дека навистина посакува просперитет и решавање на проблемот со Косово, просперитет на Албанците, на Србите и на сите други заедници кои живеат на Косово, но и во целиот регион.