Европскиот суд и нареди на Русија да плати оштета на жртва на семејно насилство

Европскиот суд за човекови права

Европскиот суд за човекови права и нареди на Русија да и исплати финансиска оштета на жртва на семејно насилство која ја напуштила земјата откако полицијата не преземала мерки за да ја заштити од заканите од нејзиното поранешно момче.

Според судот, руските власти ги прекршиле правата на Влаерија Володина врз основа на Европската конвенција за човекови права која забранува тортура и нехуман третман на казна и дискриминација. Русија ќе треба да и плати оштета од 20 илјади евра на Володина и судските трошоци од речиси 6000 евра.