Над 100 повредени во земјотрес во Иран

Над 100 луѓе се повредени денеска во земјотрес во југозападен Иран. Во земјотресот со јачина од 5,7 степени биле оштетени згради.

Во местото Масџид Солејман биле повредени 112 луѓе, од кои седум се задржани во болница, а еден постар човек умрел од инфаркт за време на потресот, пренесува агенцијата ИЛНА.

Спасувачите ја пребаруваат планинската област околу тоа места, зашто во 15 села во околината живеат околу шест илјади луѓе.

На снимките на иранската државна телевизија се гледаа урнатини и оштетени згради.

Жителите за новинската агенција Асошиејтед прес изјави дека некои постари згради се урнати.

Земјотресот бил почувствуван и во Кувајт.

Во Масџид Солејман се наоѓа првото отворено нафтено наоѓалиште во Иран и на Блискиот Исток.

Иран е трусно подрачје и во просек има земјотрес еднаш дневно. Во 2003 година, земјотрес со јачина од 6,6 степени го срамни со земја историскиот град Бам во јужен Иран, кога загинаа околу 26 илјади луѓе.