Премиерот Зоран Заев телефонски разговарал со новиот грчки премиер Киријакос Мицотакис, при што му ја честитал победата на парламентарните избори. Двајцата премиери, како што соопшти владина прес-служба, заеднички изразиле надеж за продолжување на соработката меѓу двете земји во очекување на нивната прва средба како премиери.
„Премиерот Заев ги потврди позициите дека Грција е стратешки партнер на Северна Македонија со којшто развиваме соработка и градиме трајно пријателство и изрази благодарност за поддршката којашто нашата земја ја добива од Грција, за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ“, се наведува во соопштението.