ДИК на денешната седница констатира дека врз основа на спроведена постапка Александра Цветковска ќе биде нова пратеничка во Парламентот. Таа доаѓа на местото на Горан Милевски, кој од неодамна е нов министер за локална самоуправа. Александра Цветковска е од листата на кандидати за пратеници во Парламентот за ИЕ 5 од СДСМ и Коалицијата.