Американскиот амбасадор во Белград, Кајл Скот изјави денеска дека Косово треба да ги укине царините на стока од Србија, со цел да продолжат преговорите меѓу двете земји. Тој порача и дека САД и понатаму го признаваат „водството“ на ЕУ во тој дијалог.
„Пречка за тоа се тарифите и ние јасно укажавме до Владата на Косово дека треба да ги укине, со цел да се седне на преговарачка маса, а таму е најголемиот предизвик“, истакна Скот.