Хант: Британија нема да дозволи нарушување на односите со САД

Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант

Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант изрази загриженост за протекувањето на доверливи белешки во кои британскиот амбасадор во САД ја критикува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп како „несмасна“. Тој порача дека нема да дозволат односите со САД да бидат нарушени и дека треба да дознаат како се случило протекувањето на белешките.

Во меморандумите, кои датираат од 2017 година до денес, амбасадорот Ким Дарох вели дека администрацијата на САД била несоодветна и оти немала да стане „помалку дисфункционална и помалку непредвидлива“.