Иран ќе збогатува ураниум надвор од дозволените граници

Иран соопшти дека ќе збогатува ураниум надвор од границите утврдени со нуклеарниот договор склучен во 2015 година. Соопштението доаѓа по една година откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од договорот и ги врати санкциите кон Иран.

Портпаролот на иранската влада, Али Рабии, во Техеран изјави дека денеска ќе го надминатдозволеното ниво на збогатување на ураниум од 3,67 отсто. Тој рече дека новиот процент се заснова на нивните потреби и недаде дополнителни детали.

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Абас Араки, изјави дека ќе продолжат со намалување на своите обврски од договорот на секои 60 дена, освен акоостанатите потписнички на договорот - Британија, Кина, Германија, Франција и Русија застанат на нивна страна и ги заштитат од санкциите на САД.

Вчера францускиот претседател Емануел Макрон и иранскиот претседател Хасан Рохани разговарале телефонски за излез од ситуацијата. Макрон рекол се обидува да најде начин да продолжи со дијалогот меѓу Иран и западните партнери.