Во наредните три години британската влада ќе одвои 18 милиони фунти (22,5 милиони долари) за борба против ширењето лажни информации во земјите од Источна Европа и за поддршка на независните медиуми во земјите од Западен Балкан.
„Важно е да се создаваат услови за непречено работење на новинарите“, истакна британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант пред планираната Глобален конференција за слободата на медиумите што ќе се одржи на 10 и 11 јули во Лондон.