Финални заклучоци на Самитот за Западен Балкан во Познањ

Самитот во Познањ.

Во документот Финални заклучоци на Самитот за Западен Балкан во Познањ, стои дека лидерите учесници на самитот го поздравиле претстојното прво заедничко копретседателство на Берлинскиот просец од страна на Македонија и на Бугарија.

Копретседавањето со Берлинскиот процес, како платформа за европски дијалог, соработка и поддршка на проширувањето, е важен симбол за поголема сопственост на процесот на земјите од регионот, се наведува во соопштението на Владата.

Учесниците на Самитот го поздравиле спроведувањето на Договорите со Бугарија и со Грција. Во заклучоците се истакнува и важноста на регионалната соработка, посветеноста на економијата, регионалните инвестиции и на спроведувањето на реформите.

Особено внимание во идниот период треба да се посвети на имплементацијата на одобрената Декларацијата за признавање на квалификациите од високото образование од земјите во регионот.

На предлог на Република Северна Македонија на Самитот во Познањ е усвоена Декларација на земјите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во процесот на проширување на ЕУ, со што лидерите од регионот ја истакнаа потребата од заедничка заложба за засилување на интеграцијата на ромската популација, како една од најранливите групи во општествата во регионот.