Кривичниот суд го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан за одложување на издржување на затворската казна за случајот „Труст“. Според соопштението на судот, молбата е одбиена како неоснована. Кочан треба на 17 јули да се јави во казнено-поправна установа.
Апелацискиот суд на Кочан му ја намали казната од шест на четири години и 8 месеци, а Василије Авировиќ наместо ефективен затвор доби условна казна.
Кочан, управител на компанијата „Трансмет“ беше осуден бидејќи со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.