Американскиот конгресмен Елиот Енгел в недела на средба со Џафери

Kонгресменот Елиот Енгел

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Конгресот на САД, конгресменот Елиот Енгел в недела ќе престојува во работна посета на Северна Македонија во рамки на неговата турнеја по земјите од регионот. Како што најавија од собраниската прес-служба, Енгел ќе се сретне со претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.

Енгел заедно со конгресменот Мајкл Мекал, кој е член на Комисијата за надворешна политика на Конгресот на САД, со која тој претседава, на 6 февруари годинава упатија писмо до администрацијата на претседателот Доналд Трамп со барање да го поддржи членството на Северна Македонија во НАТО.

Во писмото адресирано до државниот секретар Мајк Помпео, двајцата конгресмени нагласуваат дека членството на нашата држава во НАТО ќе помогне да се обезбеди стабилност и мирот на Балканот.