Антикорупциска ќе постапува по случајот со Рашковски

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе постапува по случајот со генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, во врска со тендерот за безбедносниот систем на Македонска навигација М-НАВ по објавена аудио снимка во медиумите за случајот.

Од ДКСК потврдија дека ќе проверуваат дали Рашковски има евентуална вмешаност во изборот на оператор кој треба да постави нов радарски систем на скопскиот аеродром.

Рашковски потврди дека гласот на аудио снимката е негов, но дека ќе ја почека правната разрешница на целиот случај, која според него треба да докаже дека совесно ја извршувал својата работа.