Мицотакис: Договорот од Преспа не може еднострано да се поништи

Претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис

Претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија Алфа порача дека Договорот од Преспа не може еднострано да се поништи.

„Мојата процена е дека еден меѓународен договор, ратификуван од грчкиот Парламент не се поништува еднострано. Ако го прочитате договорот, самиот договор не остава простор за еднострано поништување. Затоа бев многу искрен со грчкиот народ во Парламентот и сите пратеници ги поставив пред нивната одговорност. Им реков внимавајте што правите бидејќи овој договор, ако се ратификува, многу тешко ќе се смени во иднина. За жал договорот беше ратификуван, рече Мицотакис.

Тој уште еднаш ја спомена нивната намера да спроведат голема меѓународна кампања за „вистинската грчка Македонија“.