Јанакиески штрајкува со глад поради притворот

Миле Јанакиески

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески започнал штрајк со глад во Истражниот затвор „Скопје“ поради мерката притвор. Јанакиески претходно беше во домашен притвор за друг случај, а по покренувањето на новото обвинение на Основното јавно обвинителство за продажба на државно земјиште тој беше приведен минатата недела.

Според истрагата, Јанакиески заедно со останатите осомничени во случајот го оштетиле буџетот за 2,6 милиони евра. Освен за Јанакиески судот на 29 јуни одреди притвор за уште седум осомничени, а за двајца беа одредени мерки за претпазливост.