Спасовски најави „ветинг“ во МВР, а во УБК е започнат процесот

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска најави дека сите вработени во МВР ќе бидат опфатени со процесот „ветинг“. Според него, ќе се проверуваa стручното образование, интегритет, имотната состојба и евентуални криминални активности од одредени структури во МВР. Во однос на тоа што се презема за полициските службеници кои се побогати и од одредени бизнисмени, Спасовски повтори дека се покренати многу постапки кои се однесуваат на фалсификувани дипломи.

„Постојат и многу луѓе кои имаат поголем имот од повеќе бизнисмени кои долги години се занимаваат со бизнис. Токму заради тоа ветинг процесот бара да ги утврди овие факти“, изјави тој пред почетокот на денешната трибина на тема „ветинг“ во Домот на АРМ.

Спасовски одговарајќи на новинарско прашање дали е запознаен со постоење двојни агенти вработени во МВР одговори дека веќе е почнат процесот на ветинг во Управата за безбедност и контраразузнавање.