Заев ќе биде министер за финансии до наредните избори

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев на денешната седница изјави дека нема конкретен план до кога ќе ја извршува функцијата министер за финансии, но веројатно не подоцна, како што рече „ од тогаш кога заедно сите ќе одлучиме дека одиме на избори, a тоа е секако 100 дена пред редовни избори кога се формира техничка влада“, одговарајќи на прашање поставено од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска.

„Намерата е да вака неповторлив период, драгоцен за државата како и за сите земји кога станувале членки на НАТО и започнувале преговори со ЕУ, да го искористиме до максимум за благодет на граѓаните, да почувствуваат економски ефекти. Верувам дека со растот на економијата може да се донесат сериозни одлуки со импакт на граѓаните“, рече Заев.