Најголемата косовска опозициска партија Демократскиот сојуз на Косово побара од Владата на Рамуш Харадинај веднаш да поднесе оставка, откако Уставниот суд го прогласи за незаконски државниот тим за преговори со Србија, јавува новинската агенција МИА.
Шефот на пратеничката група на ЛДК, Авдулах Хоти изјави пред новинарите дека по одлуката на Уставниот суд членовите на тимот за преговори и Владата треба да поднесат оставка и да се организираат избори.
Опозицијата смета дека дијалогот со Белград не треба да го води претседателот на државата Хашим Тачи, туку единствено една легитимна влада која ќе се формира по новите избори.