Бомбашки напади во Тунис, загинал полицаец, неколку повредени

Еден од бомбашките напади во Тунис

Во два самоубиствени бомбашки напади во Тунис загинале еден полицаец, а неколку лица се повредени. Се уште не е јасно кој стои зад нападите, кои се случија за време на туристичката сезона во земјата. Првиот напад бил извршен на улицата Шарл де Гол во центарот на Тунис, а вториот пред седиштето на анти-терористичката бригада.

Во Тунис во последните година имаше серија на напади, а одговорност за најголем број од нив презема милитантната група Исламска држава.