Заев - Ако се потврди случајот со Дудуш, лично ќе му барам оставка

Курто Дудуш

Не само што реагирав, туку јас сум згрозен од таа постапка која произлезе од т.н „бомба“ за тепањето на градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш, изјави премиерот Зоран Заев, во врска со неодамна објавената снимка од која наводно се слуша дека градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш тепа машко лице во неговиот кабинет, што е предмет на проверка и од страна на МВР.

„Ако се тоа се потврди. ќе мора да си оди. Мора да се носи одговорнсот и јас сум првиот што ќе побарам оставка. Секој мора да тргне од личната одговорност. Ако тоа е така и ако ке се потврди јас сум првиот што ќе побарам оставка од градоначалниот на Шуто Оризари“, вели премиерот Заев.