Тенисерската легенда Борис Бекер продава се што има за да се спаси од банкрот

Германската тенисерска легенда Борис Бекер ги стави на аукција лични работи, трофеите и сувенири во вредност од 200.000 фунти кои му се потребни за да се спаси од банкрот и да ги исплати долговите.

На аукцијата се најдоа репликите на трофеите од Вимблдон, УС Опен и Дејвис купот, медали и облека. Исто така се продаваат и неговите тениски рекети, часовници, стегачи, па дури и чорапи. Аукцијата која се одвива преку интернет ќе трае се до 11 јули, а неа ја организираат стечајните управници.