ПССЕ ја критикува Бугарија поради македонското малцинство

Во извештајот на мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во рамките на пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, за кој ќе расправа во четврток, германскиот парламентарeц Франк Швабе од групата на социјалистите и унгарскиот Золт Немет од групата на Народните партии, го поздразвуваат како значаен напредок на надворешната политика на Бугарија Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Северна Македонија.

Но, истовремено тие изразуваат загриженост поради непочитувањето на правата и говорот на омраза на кое е изложено непризнатото македонското малцинство.

„Македонското малцинство не е признаено како такво од бугарските власти поради строгата примена на формалните критериуми, иако оваа група на повеќе пати ја изрази својата желба да ги има поволностите од заштитата со Рамковната конвенција за заштита на малцинствата“, стои во извештајот.