Мировна конференција во Пакистан за Авганистан

Високи политички личности од Авганистан одржуваат мировна конференција во соседен Пакистан. Целта е отворање на патот за потамошен дијалог со цел да се стави крај на дведецениската војна со Талибанците.Тридневната конференција која почна на 22 јуни во туристичкото одморалиште Бурбан кое ќе наоѓа на 42 километри од главниот град на Пакистан, се одвива на една недела пред посетата на авганистанскиот претседател Ашран Гани. На оваа конференција нема претставници на Талибанците. Авганистан и Пакистан се обидуваат да ги подобрат билатералните односи кои често се попречени од недоверба и реципрочни обвинувања.