Политичкиот дијалог „Жан Моне“ викендов продолжува во Собрание

Денеска и утре во Собранието ќе се одржи вториот дијалог од процесот „Жан Моне“, со кој ќе копретседаваат европратеникот и известувач за нашата земја Иво Вајгл и европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн. Како што соопштија од собраниската прес-служба, претседателот на Парламентот, Талат Џафери ќе има средба со европратениците, пред отворањето на дијалогот.

Првата средба во рамки на дијалогот „Жан Моне“ претставниците на парламентарните партии во Собранието ја одржаа изминатата година во Охрид.