Русија со обвинувања до САД за тензиите со Иран

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Риабков

Русија ги обвини САД дека намерно предизвикува опасни тензии со Иран и ја турка ситуацијата на работ на војна. Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Риабков го повика Вашингтон да ги разгледа можните последици од конфликтот со Иран.

Според него јавувањата на американските медиуми дека американскиот претседател Доналд Трамп одобрил, но потоа откажал воен удар на Иран се екстремно опасни.