Испорака на руските ракетни системи во Турција следниот месец

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека испораката на руските рактени системи С-400 во земјата ќе почне во првата половина на следниот месец.

Според него, тогаш ќе бидат одредени и локациите каде системите ќе бидат распоредени. Тој истака дека договорот со Русија е направен со „многу добри услови за Турција“.