Њујорк тајмс: Трамп одобрил воени удари врз Иран, но нагло ги откажал

американскиот претседател Доналд Трамп, државниот секретар Мајк Помпео и советникот за национална безбедност Џон Болтон

„Њујорк тајмс“ објави дека американскиот претседател Доналд Трамп одобрил воени напади врз Иран, во знак на одмазда за уривањето на американското беспилотно летало, но „нагло“ ја отповикал мисијата. Весникот наведува дека по „интензивните разговори“ во Белата куќа - воените и дипломатските претставници очекувале во текот на ноќта воени удари врз Иран. Во разговорите, според „Њујорк тајмс“ биле вклучени највисоките претставници за национална безбедност на Трамп и лидерите на Конгресот. Официјален претставник на САД за новвинската агенција Асошиетед прес изјавил деканападите биле препорачани од Пентагон и биле дел од опциите што им биле претставени на високите претставници на администрацијата. Официјални лица изјавија дека Трамп првично ги одобрил нападите врз неколку ирански цели, вклучувајќи радарски и ракетни батерии, објави „Њујорк тајмс“, додавајќи дека тие требало да бидат непосредно пред зората на 21 јуни за да се минимизира ризикот за иранскиот воен персонал или за цивилите.