Европската унија на 28 јуни во Виена ќе биде домаќин на состанокот на државите кои ја потпишаа меѓународната нуклеарна спогодба со Иран. Покрај ЕУ, на состанокот ќе учествуваат и претставници на Кина, Франција, Германија, Русија, Британија и Иран. Во соопштението се наведува дека состанокот е со цел да се обезбеди континуирана примена на спогодбата од 2015 година која е под се поголем притисок откако САД се повлекоа од неа пред една година.
Состанок на потписничките на нуклеарната спогодба со Иран
шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини