Без согласност за новите функционери на ЕУ

Манфред Вебер

Лидерите на Европската унија не постигнаа согласност кој ќе ги добие главните функции во Унијата. На самитот во Брисел било решено за ова прашање повторно да се разговара на 30-ти овој месец.

Изборот на новиот претседател на Европската комисија се замрси откако двете клучни групи, социјалистите и либералите, ставија до знаење дека не го поддржуваат кандидатот на конзервативната Европска народна партија Манфред Вебер, туку социјалистот Франс Тимерманс.