Заев: Добивме гаранција дека до октомври добиваме датум за преговори

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека на Министерскиот совет написмено добиле правно формална гаранција дека не подоцна од октомври земјата ќе добие датум за почеток на преговорите. Според него, нема можност да се донесе таква одлука без сите земји да бидат согласни, што значи дека има консензуална одлука. .

„Заклучокот е сериозна порака и апсолутна гаранција која мене ми беше неопходна, а верувам и на сите граѓани. Разбирам дека имаше избори за Европскиот парламент и дека на секој Парламент му е потребно соодветно време за доставување материјали за да ги разгледаат и да донесат одлука. Го разбирам Бундестагот и другитте парламенти за оваа работа, но важно беше да добиеме заклучок кој е сериозна гаранција за сите нас. Верувам дека утре или задутре ќе биде потврден и од Европскиот совет и октомври да биде октомври“, рече Заев.

Според него, сите позитивно се изјасниле за Република Северна Македонија. Тој порача и дека очекувањата се оти до декември ќе се отворат поглавјата и ќе почнат преговорите со ЕУ.