Иран ќе ја надмине границата на резерви на ураниум

Портпаролот на Иранската атомска агенција, Бехруз Камалванди

Портпаролот на Иранската атомска агенција, Бехруз Камалванди изјави денеска дека земјата во наредните 10 денови ќе ја надмине границата за нејзините резерви на ураниум кои се утврдени со нуклеарниот договор.

Говорејќи на прес-конференција емитувана в живо, тој додаде дека Техеран ќе го зголеми нивоата на збогатување ураниум врз основа на потребите на земјата. Иранскиот претседател Хасан Рохани претходно најави дека земјата ќе продолжи да се држи до договорот доколку останатите негови потписници покажат позитивни сигнали.