Аргентина и Уругвај без струја поради дефект на електричната мрежа

Илустрација: Далновод

Аргентина и Уругвај денеска останаа без струја поради голем дефект на електричната мрежа, наведоа на Твитер енергетските компании од двете земји.

„Во големиот дефект на енергетскиот систем, електрична енергија нема скоро на целото подрачје на Аргентина и Уругвај“, наведе аргентинската компанија Едесур.

Уругвајското претпријатие УТЕ соопшти дека утринава во 7:06 по локално време, дефект ја погодил аргентинската мрежа и другите поврзани системи, но и неколку подрачја во Уругвај.

Други детали не се соопштени.