Претпладне топло, попладне дожд и грмежи

Илустрација: Топло време во Скопје

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одредени места ќе има невреме. УВ индексот ќе биде 9. Температурите ќе се движат од 26 степени во Маврово до 36 степени целзиусови во Гевгелија. Во Скопје се очекува температурата да достигне 35 целзиусови степени.