Косовските власти и Косовската фудбалска федерација го објавија планот за изградба на новиот национален стадион во Дренас/Глоговац во близината на Приштина и најавија дека „Косово ќе го добие најубавиот стадион на Балканот“.
Според планот, кој треба да почне да се реализира годинава, стадионот ќе има 30.000 седишта и ултра-модерен изглед, а подоцна околу него ќе се изградат и хотели, паркови и базени.
Претседателот на косовското собрание, Кадри Весели најави дека ќе го имаат „најубавиот стадион на Балканот“.
„Косово треба да го добие најубавиот стадион на Балканот, а изградбата ќе почне оваа година. Нашата репрезентација прави нешто неверојатно и покажаа дека ако сме посветени можеме да успееме во сè. За да ја добиеме битката за нашиот стадион и борбата против злото“, изјави Весели.