Спасен екипажот од двата нафтени танкери кај Оманскиот Залив

Еден од танкерите кај Оманскиот залив

Десетици членови на екипажот беа спасени од два нафтени танкери кои наводно биле нападнати и ги зафатил пожар во Оманскиот Залив. Инцидентите се случија по еден месец откако беа нападнати четири танкери во близина на Обединетите Арапски Емирати со што се зголемија тензиите меѓу Техеран и Вашингтон и американските сојузници во Персискиот Залив. Според соопштението, 44 членови на екипажот биле безбедно евакуирани од страна на Иран.