Заев денеска во Берлин на средба со Меркел

Премиерот Зоран Заев и германската канцеларка Ангела Меркел, Берлин 29.04.2019.

Премиерот Зоран Заев во пресрет на самитот на Европскиот совет што треба да се одржи на крајот од јуни во Брисел, престојува во Германија каде што очекува позитивна порака од канцеларката Ангела Меркел во однос на добивањето на датумот за преговори на нашата земја со ЕУ. Заев деновиве изјави дека политичките одлуки во земјата за тоа дали ќе има реконструкција на Владата или предвремени избори ќе зависат токму од одлуката на Европскиот совет, како и од пораките и јасното соопштување за извесните чекори што ќе му ги пренесе канцеларката Меркел на средбата во Берлин. Работната посета на премиерот Заев е на покана на Здружението за Источна Европа на германското стопанство. Заев таму имаше обраќање при што посочи тоа што двесте компании со германски капитал вработуваат 20 илјади граѓани, е доказ дека Северна Македонија има европски стандарди за бизнис.