Владата се надева дека комисијата меѓу земјава и Бугарија ќе најде решенија

Портпаролот на Владата Муамет Хоџа

Портпаролот на Владата Муамет Хоџа денеска изрази надеж дека заедничката комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија ќе изнајде решенија кои ќе бидат во насока на добрососедството и пријателството.

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева најави дека земјата може да се повлече од работата на заедничката комисија доколку не се утврди дека Гоце Делчев е Бугарин.

„Се надеваме дека комисијата формирана меѓу двете влади врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство ќе изнајде решение во правец на пријателството и добрососедството меѓу нашите две држави“, рече Хоџа, на редовната прес-конференција во Владата.