444.hu: Груевски на тајна средба со унгарскиот заменик-министер за надворешни работи

Принтскрин од интернет страницата на порталот 444.ху кој ја објави информацијата

Откако во петокот новинарот на унгарскиот портал 444.ху го сними поранешниот македонски премиер во бегство Никола Груевски, објави информација дека Груевски тој ден бил на тајна средба со унгарскиот заменик-министер за надворешни работи Иштван Јо.

Според порталот, средбата била во истата зграда во која е и редакцијата на 444.ху. Порталот објави дека отако со прашања безуспешно го следеле Груевски до неговиот авомобил пред зградата, се вратиле назад и го сретнале унгарскиот заменик-министер за надворешни работи.

Као што објави порталот, редакцијата на „444“ веднаш се обратила до Министерството за да дознае која била причината за средбата со Груевски, но тие им одговориле дека немало ништо невообичаено вработен од МНР да биде во контакт со човек кој бил долгогодишен премиер на својата земја.

Груевски попладнето во петокот присуствувал на бизнис настан наречен „Будимпешта бизнис забава“, па редакцијата на „444“ претпоставува дека можеби тоа била причината за средбата во станот.