Полицијата уапсените полски навивичи ги одвезе со автобуси

Полски навивачи се степаа меѓу себе во Градскиот парк во пресрет на фудбалскиот натпревар Македонија - Полска. Полицијата ги уапси и ги одвезе, но не со марици, туку со два градски автобуси.

Натпреварот меѓу македонската и полската фудбалска репрезентација во третото коло на квалификациите за Еуро 2020 започнува во 20 и 45. Полските навивачи уште вчера предизвикуваат нереди во градот. Вчера во центарот на Скопје биле приведени четворица навивачи од Полска кои се тепале меѓусебно, потврди македонската полиција. Полицијата го потврди доаѓањето на 2.000 навивачи од Полска. Полските „ултраси“ важат за една од најагресивните навивачки групи.