Оставката на Груевски доставена пред два дена во Собранието

Поранешниот премиер Никола Груевски

Најавената оставка од пратеничката функција на Никола Груевски е доставена во Собранието пред два дена. Се очекува оставката да биде разгледана в понеделник на координацијата на претседателот на Собранието, Талат Џафери со пратеничките групи и тие да донесат одлука дали ќе биде ставена на дневен ред на првата наредната седница закажана за вторник. Веќе се води постапка за одземање на неговиот мандат, а точката на дневен ред е ставена на истата седница.