Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија денеска и утре ќе има состанок во Скопје, а во фокусот на разговорите ќе биде антиката и начинот на кој таа е прикажана во учебниците за петто одделение во Бугарија и за шесто во земјава.
Целта на состаноците, како што велат од комисијата, е да се изврши денационализација и деполитизација на минатото и тие на состаноците во текот на овие два денаќе се обидат да ги усогласат ставовите за античкиот период и како тој дел од историјата во учебниците да биде прикажан на начин кој нема да биде навредлив за никого.
Комисијата откако ќе постигне согласност за одредено прашање доставува препораки до владите, кои пак преку министерствата за образование може да ги спроведат промените.