Дураки: Нема одлука кој ќе го предводи новото министерство

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска изјави дека шпекулации се информациите оти тој ќе го предводи новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Овие информации се шпекулации. Се уште не е донесено таква одлука. Но, како и да е јас и припаѓам на ДУИ. Денеска е 5 Јуни- Денот на животната средина, а денеска е и денот на ДУИ. Треба да го почитуваме тоа“, рече Дураку на денешната национална работилница по повоод Светскиот ден на животната средина.